Дома Фудбал Закопани воени секири меѓу Реал и ПСЖ за незаборавен трансфер!

Закопани воени секири меѓу Реал и ПСЖ за незаборавен трансфер!

Реал Мадрид вчера објави дека се откажува од проектот Супер лига и со повлекувањето од тој проект се заврши целата приказна за создавање натпреварување на најбогатите клубови во светот.

Флорентино Перез мораше да признае пораз, но сè прави во служба на клубот, па со излегувањето од лигата може да му донесе играч кој Кралевите жестоко го посакуваат, а тоа е откако се закопале воените секири со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Му благодарам на Флорентино Перез. Тој е интелигентен човек кој секогаш се стреми кон напредок. Секој што ќе каже дека ова е негов пораз нема поим од фудбал”, рече тој и додаде:

“Сите ние сме победници во овој случај. Нема губитници. Фудбалот доби многу, а тоа сите го посакувавме за добро на нашите клубови и навивачи”, изјави шефот на ПСЖ.

Мирот меѓу раководителите на ПСЖ и Реал на крајот може да резултира со спектакуларен трансфер наредното лето.

Кралскиот клуб одамна го посакува Португалецот Витинхо. Во Мадрид го гледаат како наследник на Лука Модриќ и единствениот што може да се носи со таков товар, и планираат да го донесат летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија го дозна распоредот: Фудбалерите ќе одиграат четири меча за 13 дена

Македонската фудбалска репрезентација го доби точниот календар за историскиот настап во Б-…