Дома Фудбал Загриженост во репрезентацијата: Висар Муслиу се повреди пред дуелот со Данска

Загриженост во репрезентацијата: Висар Муслиу се повреди пред дуелот со Данска

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу заработи повреда на самиот почеток од натпреварот на неговиот клуб Сент Труиден на гостувањето кај Вестерло во белгискиот шампионат, што предизвика загриженост кај стручниот штаб на националниот тим.

Дефанзивецот мораше да го напушти теренот по само неколку минути игра, откако почувствува болка и побара медицинска помош. По кратка интервенција, стана јасно дека не може да продолжи со настапот и беше заменет.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Засега од клубот нема официјална информација за тежината на повредата, но првичните реакции укажуваат дека станува збор за проблем кој бара дополнителни лекарски прегледи.

Незгоден момент за репрезентацијата

Повредата доаѓа во многу чувствителен период за македонската репрезентација, која во март ја очекува исклучително важен плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство 2026 година.

Муслиу е еден од клучните дефанзивци во составот на селекторот и важен дел од одбранбената линија, па неговото евентуално отсуство би можело сериозно да влијае врз плановите за претстојниот дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исаксен: Со месеци размислував за Македонија, но сега сум среќен!

Данска славеше со 4-0 против Македонија на „Паркен“ во Копенхаген, а два гола ни постигна …