Дома Фудбал За враќањето на Нејмар во Барселона постојат две големи пречки

За враќањето на Нејмар во Барселона постојат две големи пречки

Бразилецот Нејмар игра како препороден откако се врати во Сантос, што го забрза пишувањето за неговото можно враќање во Барселона летово, но според највлијателните каталонски медиуми Mundo Deportivo и Sport, од тоа најверојатно нема ништо.

Од моментот кога на последниот ден од јануари се врати во Бразил, потпишувајќи договор со Сантос до крајот на сезоната, срамежливо се споменуваше можноста Нејмар летово да се врати во Барселона по осум години.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Формата што последниве недели ја покажува Бразилецот во шампионатот на Паулиста дефинитивно заслужува внимание, но според пишувањата на каталонските медиуми се мали шансите летово повторно да го видиме на „Камп Ноу“.

Mundo Deportivo наведува дека спортскиот сектор на Барселона е скептичен во поглед на Нејмар, верувајќи дека Бразилецот не може да го достигне посакуваното ниво на игра кое го краси последните децении.

Затоа е пореално Барселона да се сврти кон Александар Исак од Њукасл и Луис Дијаз од Ливерпул како моментално многу поатрактивни играчи на пазарот.

Претходно каталонскиот Sport објави дека Барселона поставила услов од најмалку 15 голови во дресот на Сантос за враќање во Каталонија, додека денешните пишувања на овој медиум наведуваат дека Ханси Флик е сомнителен за физичката состојба на Бразилецот.

Германскиот стручен кадар не е воодушевен ниту од годините на Нејмар бидејќи минатиот месец наполнил 33, што е во целосна спротивност со Фликовата филозофија за подмладување на тимот.

Втората голема пречка за враќањето на Нејмар во Барселона се однесува на финансискиот аспект, а во овој момент повеќе се избираат одлуки што подразбираат долгорочни договори со играчи.

И покрај тоа што Бразилецот би дојдол бесплатно летово, јасно е дека тоа не е доволна мамац Барселона безусловно да прифати соработка, па реализацијата на договорот е на прилично долг пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ќе ги налути своите навивачи летово

Арсенал е на пат да ги изнервира своите приврзаници, бидејќи повторно ќе ги покачи цените …