
Фудбалерите на Ливерпул ќе се обидат утревечер да се вратат на победничката патека во Лигата на шампионите по поразот од ПСВ Ајндховен минатиот месец. Но, веста на денот пред натпреварот со Интер е дека Мохамед Салах не е на листата на патници за Милано.
Иако со зборовите на Салах во саботата вечерта можеше да се претпостави, менаџерот на актуелниот англиски шампион, Арне Слот, направи решителен потег оставајќи го Египќанецот во Ливерпул, и тоа вечерва го објасни на прес-конференција.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Целиот фудбалски свет зборува за статусот на Салах во клубот, а сега се огласи и неговиот соиграч Алисон Бекер. Тој е убеден дека Египќанецот е свесен зошто веќе не е со остатокот од тимот во Милано.
„Отсуството на Салах е резултат на она што го направи. Тој е доволно паметен за да знае зошто го нема тука. Имаме одлични односи веќе години наназад, тој е легенда на клубот. Ќе разговараме за ова, но разговорот ќе биде приватен затоа што е лична работа“, изјави искусниот бразилски голман.