Дома Фудбал За првпат во историјата на Премиер лигата беше одбиен црвен картон предложен од ВАР

За првпат во историјата на Премиер лигата беше одбиен црвен картон предложен од ВАР

Роберт Кукуреља, ѕвезда на Челси и репрезентацијата на Шпанија, беше „жртва“ на историска судиска одлука. Во 51. минута од натпреварот Челси – Бормут (2:2) во 21-то коло на Премиер лигата, при резултат 1:1, Кукуреља тргна во брза контра, но беше запрен и соборен од противникот Дејвид Брукс со удар по вратот.

ВАР му предложи на судијата Роберт Џонс да го исклучи Брукс. Тој ја прегледа ситуацијата на мониторот крај теренот и ја отфрли сугестијата на видео-асистентот. Брукс помина само со жолт картон. Премиер лигата објави дека по темелито прегледување на снимката, главниот судија утврдил дека „инцидентот претставувал невнимателна игра, а не насилно однесување.“ Ова е првпат во историјата на Премиер лигата главниот судија да го отфрли предлогот на ВАР да додели црвен картон. Ова е исто така првпат оваа сезона во Премиер лигата судија на теренот да го коригира ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го доби дербито со Тотенхем

Арсенал запиша победа против Тотенхем и му се доближи на Ливерпул на само четири бода на т…