Дома Фудбал За иднината на Салах се огласи и неговиот менаџер!

За иднината на Салах се огласи и неговиот менаџер!

Ливерпул синоќа потврди дека Moхамед ќе го напушти Енфилд по завршувањето на тековната сезона, по девет незаборавни години. Неговиот менаџер Рами Абас Иса се огласи на социјалните мрежи со информација за неговата иднина.

Извонредниот напаѓач постигна договор со клубот, преку кој ќе го затвори овој деветгодишен период.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Салах изразил желба да ја сподели оваа вест со поддржувачите што поскоро, објаснувајќи дека сака да биде целосно транспарентен во врска со својата иднина, како знак на огромна почит и благодарност кон навивачите на клубот.

Во поглед на неговите следни чекори, веднаш започнаа шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Најблиску можеби ќе биде патот кон Саудиска Арабија, бидејќи таму веќе добиваше богати понуди од клубови, а се очекува тие да продолжат и сега.

Сепак, неговиот менаџер истакна дека вистината е негде поскриена; засега не примиле ниту една понуда и никој не се обратил до него.

“Не знаеме каде ќе игра Мохамед следната сезона. Ова значи дека никој друг не знае. Внимавајте на оние кои бараат сензации и измами,” напишa Иса на социјалните мрежи.

Со 33 години на возраст и уште во врвна физичка форма, Salah би можел да биде дел од најдобрите тимови во Европа. Сепак, останува да видиме каква одлука ќе донесе до летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Салах е поголема легенда од Роналдо во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер предизвика дебата со тврдата дека Мохаме…