Дома Останати Кошарка За дебито на Дончиќ во арената на Лејкерс ечеше – хитот на Ана Бекута! (Видео)

За дебито на Дончиќ во арената на Лејкерс ечеше – хитот на Ана Бекута! (Видео)

Првиот настап на Лука Дончиќ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс ги донесе и првите балкански звуци во „Крипто“ арената бидејќи словенечкиот кошаркар на загревањето побара таква музика.

Дончиќ ги правеше истите работи седум години во Далас, а сега оваа пракса ја пренесе во Лос Анџелес каде што во иднина ќе се слуша балканска музика.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар никогаш не ја криел својата љубов кон балканската народна музика, па така минатата ноќ сите во салата ја слушаа песната на српската пејачка Ана Бекута насловена “Имам еден живот”.

Во тоа време Дончиќ шутираше тројки и се загреваше, а „ESPN“ го опиша овој видеозапис со зборовите: “Лејкерс пуштаат европска музика пред дебито на Дончиќ”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брутално забивање како во НБА: Кошаркар на Водно Санс блесна во стилот на Мајкл Џордан! (Видео)

Кошаркарскиот натпревар од втора лига помеѓу Водно Санс и Бутел ни донесе потег каков што …