Дома Останати Ракомет „Вујовиќ побара од нас да ја пуштиме Хрватска да победи, беше тоа лошо искуство“

„Вујовиќ побара од нас да ја пуштиме Хрватска да победи, беше тоа лошо искуство“

Поранешниот српски ракометен репрезентативец Никола Манојловиќ гостуваше во подкастот “Из кеца, Миќо” и откри интересна анегдота од 2006 година. Се играше Европското првенство во Швајцарија, а на последниот натпревар од втората фаза требаше да играат Србија и Црна Гора и Хрватска. Наводно тогаш селекторот Веселин Вујовиќ во соблекувалната предложил да го предадат натпреварот.

– Тоа беше многу лошо искуство и тогаш реков дека не сакам повеќе никогаш да играм за репрезентацијата. Бидејќи некој да не праша дали ни е во најдобар интерес да ја пуштиме Хрватска, па тие некогаш да ни вратат… – започна Манојловиќ и додаде:

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


– Дека тогашниот претседател на сојузот, кој беше Црногорец, влегува во соблекувалната и ни вели да размислиме уште еднаш, дека можеби тоа е најдобар избор… Гледаш како постарите играчи ги фрлаат своите дресови, кои одбиваат да играат тој натпревар. Сонуваш дека целиот живот ќе ја чуеш таа химна, да играш за репрезентација. Остава тоа трага, многу лошо искуство.

На Хрватска победата против Србија и Црна Гора и значеше полуфинале, а сè друго ќе значеше испаѓање, поради поразот од Русија во првата фаза на турнирот. Легендарниот голман Арпад Штербик раскажа слична приказна во разговор за Спортски журнал.

– На Хрватите победата им значеше полуфинале, а нам ништо. Селекторот Вујовиќ ни рече на ручек пред натпреварот дека сме во ситуација каде што победата не ни значи ништо, а дека Хрватите ќе знаат да вратат – рече и додаде:

– Пред самиот натпревар претседателот на сојузот Миќиќ го предложи тоа во соблекувалната, а ние прашавме каде е Вујовиќ. Ни рекоа дека му е срам да влезе и дека чека со Хрватите да види што сме одлучиле. Ни на мајка си не би продал натпревар, а не пак на Хрватите. Ако Вујовиќ сака да ја води екипата до победа, нека седне на клупата. Ако не, воопшто не ни треба. Тоа го реков да му го пренесат на селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…