Дома Фудбал Времето работи против Барселона: Каталонците во голем проблем пред продолжувањето на сезоната

Времето работи против Барселона: Каталонците во голем проблем пред продолжувањето на сезоната

Барселона се соочи со голем проблем пред продолжувањето на сезоната. Еден од најдобрите фудбалери на каталонскиот клуб, Дани Олмо, нема да може да игра во Ла Лига во продолжението на сезоната.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, причината е што на клубот од „Камп Ноу“ му беше одбиена регистрацијата за репрезентативецот на Шпанија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во текстот се истакнува дека Барселона на понеделник, 30 декември, ќе поднесе нова жалба против Ла Лига за да се обиде да добие привремена мерка и да му овозможи на Олмо да игра во вториот дел од сезоната.

Аргументот што ќе го изнесе Барселона е дека сите прописи за регистрација се неважечки, бидејќи ги регулира тело кое го сметаат за ненадлежно, а тоа е делегиран одбор на шпанското првенство. Сепак, времето работи против Каталонците бидејќи имаат рок до 31 декември да го регистрираат овој 26-годишник.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри го критикуваше Салах: Јас имав проблеми со Венгер и Гвардиола, но…

Главната вест во англискиот фудбал е ситуацијата со Мохамед Салах и Ливерпул. Овој извонре…