Дома Фудбал Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата легенда на Манчестер Јунајтед во последните децении, Вејн Руни, затоа што е на чекор до големата сцена.

Кај Руни е еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, а наскоро ќе го гледаме на големата сцена. Му е понуден нов договор на Олд Трафорд откако во последните години ги импресионираше сите во славниот англиски клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според вестите од Англија, Манчестер Јунајтед му понуди на Кај договор вреден 50.000 фунти годишно, односно блиску до 60.000 евра, што за тинејџер и младич кој игра во академијата, а не во сениорскиот фудбал, е навистина мега договор и максимална стипендија за неговата возраст.

Нов договор е понуден и на Џејси Карик, синот на Мајкл Карик, кој моментално е привремен менаџер на сениорскиот тим.

Младиот Руни би требало да го потпише новиот договор во текот на летото, кога ќе ги заврши обврските во средното училиште, а потоа во следната сезона да го чека и неговото деби во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гиганта се борат за потписот на Аргентинецот – тој знае каде сака!

Енцо Фернандес веројатно ќе го напушти Челси и Премиер лигата летово. Одличниот Аргентинец…