
Фановите на Челси изразуваат незадоволство поради повисоките цени на билетите за натпреварот против Бенфика, префрлајќи на клубот дека сака да извлече материјална корист од присуството на тренерот кој им донесе значителни успеси.
Следниот вторник, Челси се соочува со Бенфика во рамки на второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Симпатизерите на “Плавите” отворено го покажуваат своето незадоволство од високите цени на влезниците, нагласувајќи дека тоа се должи на враќањето на Жозе Мурињо на Стамфорд Бриџ.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Некои од љубителите на Челси ја обвинуваат управата на клубот дека се обидува да профитира од реткиот случај на враќање на Мурињо, сега тренер на Бенфика, во клубот кој добро го познава (беше тренер на “Плавите” од 2004 до 2007 и од 2013 до 2015 година, освојувајќи три титули во Премиер лигата, еден ФА куп, три Лига купа и еден Комјунити Шилд).
Цените на билетите се искачуваат до 95 евра, што претставува највисока цифра во ценовникот на лондонскиот клуб, додека најевтината влезница чини 57 евра.