Дома Останати Кошарка Вориорси подготвуваат одговор на трејдот на Дончиќ и Дејвис – сакаат три ѕвезди!

Вориорси подготвуваат одговор на трејдот на Дончиќ и Дејвис – сакаат три ѕвезди!

Неочекувана размена на играчи што ги шокира НБА заедницата, при што Лука Дончиќ стигна во ЛА Лејкерс, а Ентони Дејвис стана играч на Далас Маверикс, предизвикува реакции од другите клубови кои сакаат да се вклучат во борбата за титулата. Меѓу нив се и Голден Стејт Вориорс, кои имаат план да формираат нов супертим.

До четврток, кога завршува рокот за размена на играчи, Вориорс сакаат да го доведат Леброн Џејмс во Сан Франциско и ќе се обидат да го вратат Кевин Дурант, двоен МВП на финалето од шампионските 2017 и 2018 година. Го посакуваат и Пол Џорџ. Според НБА инсајдерот Шамс Чаранија, Вориорс се распрашувале “за секој играч на Ол-Стар”, вклучувајќи ја и тројката спомната.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Најтешко би можеле да дојдат до најдобриот стрелец на НБА лигата на сите времиња (41.531). Џејмс (24.0 поени, 7.6 скокови, 9.1 асистенции оваа сезона) според договорот има право да одбие било каква размена во која е вклучен, а Вориорс ги одби и минатата година.

Дурант (26.9 поени, 6.1 скок, 4.2 асистенции) помина три години во Вориорс и со него играа три финалиња и освоија две титули. Тој би бил скап, но Феникс Санси се подготвени да ги слушнат понудите и им е интересен Џонатан Кумиња, кој сакаат да го доведат.

Џорџ (17.1 поен, 5.6 скокови, 4.7 асистенции) е во првата од четири години од договорот со Филаделфија 76ерс. Претпоставува се дека клубот би го продал за вистинската цена. Вориорс стапиле во контакт и со Џими Батлер, но не успеале да направат зделка. Се спомнува и дека сакаат да го доведат Зион Вилијамсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарките заминаа на подготовките за Белград

Женската сениорска репрезентација утрово замина за Белград каде утре од 18:00 часот ќе го …