Во Милан очекуваат наскоро да го комплетираат трансферот на Кајл Вокер од Манчестер Сити, а тоа ќе значи изнезна врата за Емерсон Ројал.
Според Фабрицио Романо, Галатасарај контактирал со Росонерите со желба да го доведат Емерсон Ројал во нивниот тим.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Тој пристигна летото од Тотенхем за 15 милиони евра и беше редовен стартер оваа сезона, во која одигра 25 натпревари во сите натпреварувања.
Сепак, неговите настапи беа неубедливи, што го принуди клубот да го доведе Вокер со идеја да се наметне на оваа позиција.
Галасарај сака да го доведе Емерсон на позајмица со право на откуп, Милан е спремен да го пушти, па последниот збор ќе го има фудбалерот.