
Дербито меѓу Лидс и Манчестер Јунајтед, познато како “Војната на розите”, понуди многу борба, емоции и интересни ситуации, но заврши без победник, откако двата тима го завршија својот дуел на “Еланд Роуд” со резултат 1:1.
Брендан Аарансон го даде водството на јоркашките во 62-та минута, но само три минути подоцна Матеус Куња израмни. Двата тима погодија и една статива, а имаа и шанси за победа, но се чини дека овој резултат е најправеден.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
За Лидс ова е седми меч по ред без пораз, што е најдолга серија за клубот од 2001 година, додека “црвените ѓаволи” остануваат со една победа од своите последни пет средби.