Дома Фудбал Водителката на Лигата на шампионите ги излуди фановите. Купуваат нејзини 18+ слики, а таа не постои

Водителката на Лигата на шампионите ги излуди фановите. Купуваат нејзини 18+ слики, а таа не постои

АТРАКТИВНАТА „водителка“ на Лигата на шампионите, Ејсан Аксој, за кратко време стекна огромна база фанови на социјалните мрежи. Но, постои една неочекувана пречка за тие што би сакале да ѝ се додворуваат – таа всушност не постои. Ејсан Аксој е дел од новиот тренд на виртуелни ѕвезди, создадени преку вештачка интелигенција.

Добредојдовте во светот на AI ѕвезди

За само седум месеци, нејзиниот Инстаграм профил достигна 43.000 следбеници, бројка за која многу вистински водители само можат да мечтаат. Нејзините обожаватели се натпреваруваат во изрази на љубов во коментарите, надевајќи се дека ќе бидат забележани, иако точно знаат дека се работи за дигитална креација.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Некои дури и плаќаат за ексклузивен пристап до нејзината содржина. На платформата Patreon, Аксој нуди „18+“ содржина, со цени што достигнуваат и до 800 евра месечно. Следбениците не се жалат за тоа што фотографиите, иако некогаш прилично уверливи и реалистични, се сепак со лош квалитет, што е видливо на повеќето од нив.

Фудбалот како нова стратегија за профилот

Аксој, која наводно живее во Истанбул, неодамна се проба во замислениот свет како фудбалска водителка. Прегледувајќи ги нејзините 235 објави на Инстаграм, може да се види дека нејзината содржина претходно се фокусираше на патувања, луксузни ресторани, плажи, па дури и училници.

Креаторот на профилот очигледно ја препознал популарноста на фудбалот и решил да ја претвори својата виртуелна манекенка во спортска водителка. Пазар за таков вид содржина несомнено постои, како што го покажува успеходот на вистинската албанска фудбалска водителка Ева Мурат, која стекна популарност со сличен стил на објави.

Фановите не се грижат за вистината

Една од објавите привлече особено внимание, каде што Аксој е прикажана во дресови на четири турски клубови: Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ и Трабзонспор. Сепак, не изгледа дека тоа им пречи на нејзините опседнати обожаватели, ниту фактот што е целосно измислена. На профилот јасно пишува дека е дело на вештачка интелигенција.

Коментарите под нејзините фотографии сведочат за тотално фасцинирање. Еден корисник напишал: „Убава си како ангел“, а како награда добил црно срце од Аксој. Други коментирале: „Прекрасна си убава“, „Здраво. Како си, убавице на моето срце, принцесо, кралице, убавице“ и „Каква прекрасна насмевка; изгледаш апсолутно зачудувачки, Ејсан!!!“. Еден од коментарите гласеше: „Каква величествена, толку убава, секси, елегантна, најдобра и на ТВ“, иако Аксој никогаш не била на телевизија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул поразен од Галатасарај во Лигата на шампионите, резервистот Салах во неверување: Вакво нешто не сум доживеал досега!

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја пораз на гости кај Галатасарај во второто коло од Лигата…