Црвена звезда оствари профит од 95 милиони евра во изминатава година, изјави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ. Според него, најмногу пари Звезда заработила од бонусите на УЕФА и трансферите на играчи, а во овој момент има уште неколку фудбалери кои се интересни за клубови од странство.
Од одамна се знае дека највреден фудбалер е несомнено Андрија Максимовиќ, а Терзиќ навести дека би можеле да заминат и Насер Џига, односно Шериф Ендиај, за кои понудите се најголеми.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Кажавме дека 20 милиони евра е цената за Андрија Максимовиќ. Тоа не го кажуваме на медиумите, туку на заинтересираните страни. Се разбира, клубовите преговараат и се обидуваат да поминат поевтино, сакаат нешто фиксно, нешто преку бонуси. Ние не брзаме кога станува збор за неговата продажба бидејќи сме свесни дека ќе се развива како играч. Има само 17 години и физичката сила ќе му дојде и тогаш ќе ја покаже својата генијалност“, изјави Терзиќ.