Дома Фудбал Во стилот на Ибрахимовиќ. Мексиканка постигна спектакуларен гол (Видео)

Во стилот на Ибрахимовиќ. Мексиканка постигна спектакуларен гол (Видео)

Во десеттото коло на мексиканскиот женски шампионат видовме погодок кој ќе биде еден од фаворитите за наградата Пушкаш.

Тигрес ја пречека Гвадалахара Чивас, а резултатот беше 0:0 до 76-та минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа се промени по еден корнер за Тигрес, а она што го направи Лизбет Овале многу брзо го обиколи светот.

Корнерот беше лошо изведен, но топката се врати кај фудбалерките на Тигрес.

Џенифер Ермосо, фудбалерката која привлече внимание на светската јавност откако претседателот на шпанскиот сојуз Луис Рубиалес ја бакна по освојувањето на светското првенство, ја нафрли топката во петерацот, а потоа Овале го оправда својот прекар.

Дваесет и петгодишната Мексиканка, која ја нарекуваат “Магионичарка”, реши да шутира на начин на кој би помислил само Златан Ибрахимовиќ.

Таа се реши за “шкорпион”, односно удар со ѓон преку глава, а топката по високата парабола заврши директно во мрежата на гостите.

Овој навистина спектакуларен погодок вреди да се гледа од сите можни агли, а ќе видиме дали ќе биде прогласен за најубав и дали Овале ќе биде наградена со наградата Пушкаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Војна“ на македонската фудбалска сцена поради ВАР: Тренерот на Шкендија критикуваше, ФФМ му одговори!

Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија реагирше на на изјавата на Јето…