Незадоволство и изненадување кај Селта, навивачите на Барселона и медиумите кои се наклонети кон неа, како и кај голем број неутрални љубители на фудбалот, предизвика тоа што судијата на натпреварот Реал – Селта (5:2) во осминафиналето на Купот на кралот не досуди пенал за Селта при резултат 0:0. Особено затоа што во текот на акцијата Реал го постигна првиот гол.
Во 37. минута, играчот на Селта Вилиот Сведберг излезе пред голманот на Реал Андриј Лунин. Украинецот тргна по топката која беше во посед на противничкиот играч, кој потоа падна. Тој, неговите соиграчи, па и Итуралде Гонзалес, судискиот експерт на мадридскиот АС, тврдат дека тоа мораше да биде пенал за Селта. Меѓутоа, главниот судија Мунуера Монтеро не го досуди, ниту пак му беше предложено од ВАР Хернандез Хернандез да ја прегледа снимката.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Споменатиот судиски експерт изјави: “Ова е најтешката ситуација за судијата на теренот бидејќи не знае дали контактот го иницирал напаѓачот или пак голманот задоцни и наместо топката го турна противникот. Но ова е пенал. Голманот на Реал оди со десната рака на левата нога на играчот на Селта. Претпоставувам дека ВАР не интервенираше бидејќи сметаше дека контактот започнал напаѓачот, а не голманот.”
Каталонските медиуми, наклонети кон најголемиот ривал на Реал, за оваа одлука велат дека е “срамна и скандалозна”. На социјалните мрежи не остана незабележана ниту чудната реакција на судијата една секунда откако играчот на Селта падна во контакт со голманот на Реал. Имено, Мунуера Монтеро тогаш, гледајќи ја спорната ситуација, скокна. Тоа можете да го видите ОВДЕ.