Дома Фудбал Во Сараево задоволни од Велкоски: Македонецот по само три месеци добива нова улога!

Во Сараево задоволни од Велкоски: Македонецот по само три месеци добива нова улога!

Поранешниот македонски фудбалер, Крсте Велкоски, а сега и технички директор на Бордо тимот, ќе добие ново унапредување во рамките на неговата улога во клубот од Кошево, дознава Klix.ba.

Имено, на денешното заседание на Собранието на Фудбалскиот клуб Сараево, Велкоски ќе биде назначен за нов генерален директор, преземајќи ја функцијата од Тарик Трбиќ, кој својот ангажман го заврши на 30 мај годинава.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На оваа седница на Собранието ќе се случи уште една промена во управните структури на клубот.

На местото на поранешниот член на Управниот одбор, Хајрудин Капетановиќ, ќе дојде Аднан Хоџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…