Дома Фудбал Во Реал почнаа да се сомневаат на Пинтуш

Во Реал почнаа да се сомневаат на Пинтуш

Многуте повреди во Реал Мадрид од почетокот на сезоната ја доведуваат во прашање работата на кондициониот тренер Антонио Пинтуш, пренесува „АС“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанецот важи за еден од најсериозните специјалисти, но последниве месеци имаше доста повредени во таборот на „кралевите“.

Во Реал, од почетокот на сезоната, веќе има 21 случај на повреда на играчи од првиот тим, поврзани со нивното учество на натпревари или тренинзи. На списокот ги нема стомачните проблеми на резервниот голман Андриј Лунин, кои беа предизвикани од вирусна болест.

За споредба, во исто време пред една година имаше 15 повреди во тимот Пред две години, кога стартот на сезоната 2022/23 беше понапорен поради претстојната пауза на Мундијалот во Катар, имаше помалку – 19.

Пинтуш е во својот втор мандат во Реал Мадрид и неговото враќање во 2021 година беше поздравено како голем успех од раководството на клубот. Тој претходно беше во Интер и им помогна во шампионатот под водство на Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…