
Модриќ со години го носеше бројот десет во Реал Мадрид кој го презеде откако Месут Озил замина во Арсенал, а сега е време истиот број да го наследи друг фудбалер на кралскиот клуб.
Последниве денови се шпекулираше кому би можел да му припадне бројот, бидејќи многу играчи на Реал изразија желба за него.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваа дека тоа би можел да биде Арда Гулер, за кого велат дека во Реал ќе биде наследникот на Модриќ, но изгледа дека тоа нема да биде случај.
Денеска се појави информација дека во Реал донеле одлука околу бројот десет и тој од новата сезона ќе го носи Килијан Мбапе.
Францускиот напаѓач реагираше уште пред неколку месеци кога започнаа шпекулациите дека Модриќ ќе замине од клубот и така им даде на знаење на сите колку го посакува бројот десет.
.🚨Мбапе се подготвува да биде следниот број 10 на Реал Мадрид. pic.twitter.com/a2DCn3ZoK7
— Рамон Алварез де Мон (@Ramon_AlvarezMM) 22 јули, 2025