Дома Фудбал Во Леверкузен го означиле Тен Хаг како најлош во историјата на клбуот: Се скарал и со луѓето кои тој ги довел!

Во Леверкузен го означиле Тен Хаг како најлош во историјата на клбуот: Се скарал и со луѓето кои тој ги довел!

>

Ерик Тен Хаг остана на клупата на Баер Леверкузен само нешто повеќе од два месеца, како тренер за три официјални натпревари, два во Бундеслигата и еден во Купот на Германија и јасно беше дека работите не функционираат како што треба.

Со еден нерешен, пораз и победа, резултатите на почетокот не изгледаа толку лоши. Се создаде впечаток дека клубот ќе имаше трпение за ваков тренер. Очигледно, нешто се случуваше зад сцената.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Изгледа дека Холанѓанецот не беше омилен во клубот.

Според Билд, тој не успеал да воспостави хармонија со никој во клубот, дури ни со доведените помошници од негова страна. Побарал да се ангажираат исклучиво играчи претставувани од истата агенција која го застапува и него.

Се пишува дека атмосферата во клубот била многу студена, што влијаело и на односот со играчите. Наводно, на играчите им недостасувало јасност во текот на натпреварите, а ги збунувало зошто Тен Хаг ги приморува да прават склекови наместо да изведуваат фудбалски вежби.

Според написите на Билд, клубот сакал уште порано да го отпушти Тен Хаг, бидејќи го смитале за најлошиот тренер во историјата на Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…