Дома Фудбал Во Јувентус доаѓа ѕвезда на Баерн Минхен!

Во Јувентус доаѓа ѕвезда на Баерн Минхен!

Според Тутоспорт, тренерот на Јувентус, Игор Тудор, е во потрага по странични играчи бидејќи „старата дама“ оваа сезона е прилично слаба на тие позиции.

За неговата формација 3-4-2-1, потребен е играч кој ќе се вклопи совршено на левата страна, а извор близок до Јувентус открива дека во зимскиот трансфер период ќе пристигне левиот бек на Баерн Минхен, Рафел Гереиеро, во Торино.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој 32-годишен португалски фудбалер веќе многу години игра во Бундеслигата, како за Дортмунд, така и за Баерн и е репрезентативец на својата земја.

Гереиеро ја започна својата кариера во Лоријан, а се приклучи на Баварците летото 2023 година, дојде од Дортмунд за 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…