Дома Фудбал Во Италија судиите добија статус на службени лица: Кој ќе удри судија – ќе оди во затвор!

Во Италија судиите добија статус на службени лица: Кој ќе удри судија – ќе оди во затвор!

Како што известуваат медиумите во Италија, тамошните власти го промениле законот според кој на судиите им е доделен статус на правна заштита што го уживаат полицијците и другите јавни службеници.

Па така се објаснува дека туркањето, удирањето, па дури и заканувањето на судиите во Италија, може да резултира со затворска казна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Спортот значи лојалност и емпатија. Секој што не го прифаќа ова, е предупреден – почнувајќи од утре сабота, насилното однесување и покажувањето агресија кон судиите ќе бидат казнети без одлагање, вклучително и затворски казни“, објаснува помошникот министер за правда Андреа Остелари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нека биде вака и во Копенхаген: Македонија точно пред четири години го приреди чудото во Палермо! (Видео)

На денешен ден пред четири години, македонската фудбалска репрезентација испиша историја с…