Дома Фудбал Во Грција како во „војна“: Суспендирано финалето помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос!

Во Грција како во „војна“: Суспендирано финалето помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос!

Грчката влада мораше да реагира поради скандалозното однесување на членови од Олимпијакос и Панатинаикос.

На сите страни се објавуваат изјави, навреди, скандали, наредби за апсење…

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Не станува збор за политичка кампања, туку за финалето на грчкиот шампионат меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, каде кошаркарскиот натпревар на овие ривали е познат како прашање „живот или смрт“.

Олимпијакос во неделата навечер го совлада Панатинаикос, но натпреварот беше обележан со голема доза на драма, исклучувања и сомнителни судиски одлуки, што создаде тензија на релацијата црвено-бели и зелени.

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, го одржа ветувањето и дојде на дербито, но беше навредуван и целен од трибините, што го доведе до судир со претставници на Олимпијакос.

Олимпијакос објави соопштение дека Јанакопулос упатил закани за силување на ќерката на сопственикот на нивниот тим и дека за него е издадена наредба за апсење, поради што наводно побегнал од местото.

Панатинаикос возвратија дека семејството на Димитрис Јанакопулос било навредувано, му било заканувано со смрт и тој бил принуден да ја напушти салата поради непријатните сцени.

Грчката влада мораше да интервенира. Третиот натпревар кој требаше да се одржи во ОАКА арената беше суспендиран, а можна е и целосна откажувања на финалната серија!

Владиниот портпарол Павлос Маринакис ја објави оваа одлука во понеделникот, истакнувајќи дека безбедноста е приоритетна, и дека без јасни гаранции за безбедно одржување на мечевите, серијата нема да продолжи.

Панатинаикос и Олимпијакос во наредниот период ќе одржат средби со владините претставници за да се обидат да најдат решение и да создадат услови за безбедно одржување натпреварите и во ОАКА и во Салата за мир и пријателство (SEF). Ако преговорите не бидат успешни, финалето ќе биде целосно прекинато, потврди Маринакис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ги избра новите капитени по заминувањето на Модриќ

Нова ера во Реал Мадрид наскоро почнува – подготовките за новата сезона стартуваат н…