На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига.
Екипата на Брегалница успеа да слави и да ја оправда фаворитската улога на гости кај Беласица со 0:1. Херој на гостите беше Зоран Ивановски кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија Ѓорче Петров која е во битка со штипјани за врвот на табелата исто така запиша победа и тоа убедлива против Вардар Неготино со 5:0.
Чекорот со водечките екипи продолжи да го одржува и Башкими кој со минимални 1:0 го совлада Кожуф, со истиот резултат Арими беше подобар од Борец.
Интересно за ова коло е што дури три екипи (Македонија Ѓорче Петров, Новаци и Каменица Саса) постигнаа по пет гола што е реткост.
ВМФЛ 15. КОЛО
Арсими – Борец 1-0
Башкими – Кожуф 1-0
Беласица – Брегалница 0-1
Каменица Саса – Вардарски 5-1
Македонија ЃП – Вардар Неготино 5-0
Новаци – Осогово 5-0
Охрид – Детонит Плачковица 1-3
Победа – Скопје 0-1