Дома Фудбал ВМФЛ: Брегалница најголем добитник во 22. коло!

ВМФЛ: Брегалница најголем добитник во 22. коло!

Покрај дербито помеѓу Пелистер и Вардар денеска на македонските фудбалски терени се играа и натпревари од 22. коло по кои најголем добитник е штипска Брегалница.

Лидерите на табелата Македонија Ѓорче Петров и Башкими одиграа реми во своите натпревари, па Брегалница се доближи на само два бода од нив.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Брегалница славеше победа на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф со 0-2, додека средбите на Македонија Ѓорче Петров во Кочани против Осогово и Башкими кај Победа завршија без голови.

Немаше голови ниту на средбата Вардар Неготино – Детоните, Скопје дома го победи Борец со 1-2, а со истиот резултат победи запишаа Новаци дома со Охрид и Беласица на гостувањето кај Каменица.

Натпреварот помеѓу Вардарски и Арсими беше одложен.

ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 49, Башкими 49, Брегалница 47, Арсими 42, Скопје 34, Детоните 32, Каменица Саса 32, Охрид 32, Кожуф 31, Беласица 31, Победа 23, Новаци 23, Вардар Неготино 21, Осогово 17, Борец 10, Вардарски 8.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…