
Душан Влаховиќ ќе потпише нов договор со Јувентус, тврдат италијанските медиуми.
„Тутоспорт“ прв ја објави оваа информација, а потоа се надоврзаа и многу други извори.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Наводно, клучната улога во преговорите ја одиграл Лучијано Спалети кој му укажал доверба на Душан Влаховиќ и му објаснил дека ќе биде лидер во нападот. Од тактички аспект, Спалети исто така одговара на српскиот репрезентативец, па тоа имало влијание и на отвореноста кон останатите детали во преговорите.
Влаховиќ е подготвен да прима помала плата, се шпекулира околу осум милиони евра годишно, а се очекува дека ќе потпише договор до летото 2028 година.
Се шпекулира дури и дека Лучијано Спалети изјавил дека ќе ги продаде Џонатан Дејвид и Лоис Опенда кои не ги исполниле очекувањата откако летоска пристигнале во Торино. И токму тоа би отворило нови врати – Џошуа Зиркзе!
Тотоспорт на својата насловна страница ги уметна Влаховиќ и Зиркзе како новиот напаѓачки тандем на Јувентус за следната сезона.
Не е тајна дека Холанѓанецот е потполно во втор план кај Мајкл Керик и дека Јунајтед на лето ќе ги слуша понудите. Зиркзе е ценет во Италија, своевремено кај Тијаго Мота експлодираше во дресот на Болоња, уште тогаш се шпекулираше дека би можел да премине во Јувентус, но на крајот избра Манчестер.