Дома Фудбал Влаховиќ после се останува во Јувентус?

Влаховиќ после се останува во Јувентус?

Душан Влаховиќ – ниту на небо, ниту на земјата.

Така отприлика би можел да се опише фудбалскиот статус на фудбалерот на Јувентус чии игри не ги оставаат навивачите на торинскиот гигант рамнодушни.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Иако има статус на резервист во тимот на Игор Тудор, Србинот од почетокот на сезоната на својот конто веќе има шест погодоци на 10 настапи, но со ограничена минутажа при што ја затресува мрежата на ривалите на секои 60 минути од играта.

Во вчерашното нерешено со Виљареал одигра само пет минути на теренот, што дополнително ја распламти полемиката за судбината на 25-годишниот напаѓач, на кого договорот му истекува на крајот од сезоната.

За неговиот статус неодамна зборуваше и директорот за фудбалска стратегија во Јувентус, Џорџо Кјелини, кој не ја исклучи можноста Влаховиќ да остане во клубот на крајот од сезоната.

“Нов договор за Влаховиќ? Ништо не е невозможно, Душан заслужи почитување од клубот и ќе седнеме да разговараме за некои работи”, рече Кјелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И Романо потврди: Манчестер јунајтед се враќа по фудбалерот за кој летово нудеше 120 милиони евра!

Манчестер Јунајтед ги подготвува плановите за потпис од Карлос Балеба. Како што веќе беше …