
Откако пропаднаа сите преговори околу останокот во Јувентус, Влаховиќ започна потрага по нов клуб. Изгледа дека овој пат таа потрага се ближи кон крајот, а 26-годишниот фудбалер би можеле од следната сезона да го гледаме во Премиер лигата.
Иако во изминатиот период се поврзуваше со Барселона, Милан и Интер, сè води кон тоа дека Србинот ќе патува за Англија. Два клуба се во игра, а тоа се Челзи и Тотенхем.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми денеска објавија ексклузивна вест дека српскиот фудбалер решил да ја избере најсилната лига во светот. Ќе ги одбие сите други понуди.
“Влаховиќ планира трансфер во Премиер лигата откако ќе му истече договорот со Јувентус”, наведува TeamTalk и продолжува:
“Тотенхем е заинтересиран, но Челзи води во борбата за неговиот потпис. Сините го гледаат како поквалитетна опција од Делап.”
Интер последниве денови исто така покажа интерес. Меѓутоа, изгледа дека веќе сè е завршено и Влаховиќ ќе патува за Англија.
Секако, треба да се почека официјалната одлука на српскиот фудбалер. Сето ова засега се шпекулации, но нема да биде изненадување ако Србинов ја избере Англија.