Дома Фудбал Влаховиќ ја одби Саудиска Арабија и покрај потенцијалната закана да седне на клупата

Влаховиќ ја одби Саудиска Арабија и покрај потенцијалната закана да седне на клупата

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ нема намера да го напушти италијанскиот гигант, а според пишувањата на медиумите одбил и профитабилни понуди од Саудиска Арабија.

Јувентус во зимскиот преоден рок го засили составот со услугите на Рандал Коло Муани, напаѓачот на ПСЖ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми јавуваат и дека во плановите на тренерот Тиаго Мота е Французинот, што би значело преселба на Влаховиќ на клупата.

Сепак, Влаховиќ ја одбил понудата на Ал Наср.

25-годишниот напаѓач кариерата ја започна во Партизан, потоа се пресели во Фиорентина, а моментално настапува за Јувентус.

Сезонава постигна седум гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид размислува за продажба на Камавинга

Реал Мадрид може да го продаде Едуардо Камавинга во летниот период доколку пристигне понуд…