
Фудбалскиот клуб Ливерпул вчера го претстави својот нов голем адут, Флоријан Вирц, за кого на Бајер Леверкузен му плати вртоглави 150 милиони евра.
Германскиот офанзивен играч за врска е замислен да биде клучен играч во редовите на Ливерпул за наредната сезона.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Со него во тимот, гигантот од „Енфилд“ сигурно ќе цели и кон пехарот од Лигата на шампионите.
Интересно е дека Вирц изјави дека менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше одлучувачкиот фактор во неговата одлука за кој клуб да се одлучи.
Вирц беше желба на многу големи европски клубови, а во преден план беа Бајерн Минхен и Манчестер Сити.
„Се сеќавам на нашата прва средба. Ми покажа каков фудбал сака да игра и како би се вклопил во тимот. Веднаш можев да се замислам во Ливерпул, каде што ќе се обидам да придонесам за подобрување од следната сезона“, рече Вирц, истакнувајќи голема почит кон холандскиот стратег, кој во својата прва сезона на чело на Ливерпул ја освои титулата шампион на Англија.