Дома Фудбал Винисиус со објавата дека го гледа натпреварот на Реал и Ливерпул си направи проблем

Винисиус со објавата дека го гледа натпреварот на Реал и Ливерпул си направи проблем

Една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус Жуниор не беше во комбинација за настап во натпреварот против Ливерпул кој неговиот тим го доби со 2:0.

Винисиус натпреварот го следеше од неговиот дом, но во таа ситуација си направи и проблем. Имено, тој објави дека го гледа натпреварот на бразилската телевизија „ТНТ Спортс“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа не е легално затоа што правата за пренесуање на натпревари од европската елита во Шпанија ги има „Мовистар“.

Од Ла Лига не пропуштија да излезат со реакција поради ваквата ситуација.

„Винисиус на неговиот Инстаграм канал за време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид објави фотографија како го следи натпреварот на „ТНТ Спортс“. Тука станува за пиратерија. Кога во Шпанија некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите, тоа треба да го прави преку „Мовистар“ кој плаќа за да ги пренесува натпреварите во земјата од ова натпреварување“, стои во реакцијата од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…