Дома Фудбал Винисиус имал барање кое го изненадило Реал – сега го сакаат да го продадат

Винисиус имал барање кое го изненадило Реал – сега го сакаат да го продадат

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид сериозно размислува за продажба на Винисиус Жуниор (25), пренесува „beIN Sports“. Во Реал се вклучи алармот поради барањето на Винисиус Жуниор во преговорите за продолжување на договорот. Бразилецот, чиј актуелен договор важи до 2027 година, бара значително зголемување на платата, како и бонус за потпис кој, според мислењето на раководството на клубот, сериозно би ја нарушил финансиската стабилност.

Винисиус сака да стане најплатен играч во тимот, дури подобро платен од Килијан Мбапе, кој летоска пристигна без отштета, но доби богат бонус за доаѓањето. Таквата ситуација предизвика загриженост во врвот на клубот, па се почнаа да се разгледуваат и други опции.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Една од тие опции е и можната продажба на Винисиус, за да се избегне лавината на слични барања од другите клучни играчи. Во таков сценарио би можел да профитира Родриго Гоес, кој досега се споменуваше како веројатен кандидат за заминување, но сега би можел да остане во Мадрид.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најскапото засилување на Ливерпул можно е да се соочи со долга пауза поради сериозна повреда

Ливерпул во саботата извојува значајна победа на гостински терен против Тотенхем со резулт…