
Според шпанските медиуми, многу тешко ќе се случи промена во односите помеѓу Реал Мадрид и Винисиус ова лето и ќе се чека најмалку шест месеци за нов договор.
Сагата околу продолжувањето на договорот на Винисиус во Реал Мадрид влезе во нова фаза – преговорите практично се запрени, а бразилската ѕвезда моментално не е подготвена да ја прифати понудата на клубот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Неговите застапници сметаат дека понудените услови не се доволни за да го оправдаат продолжувањето на соработката до 2030 година, односно на целосни пет години.
Сега Vinícius заработува околу 17 милиони евра по сезона, и побарал зголемување на 20 милиони плус бонуси кои би можеле да го доведат до неверојатни 30 милиони.
Меѓутоа, последната понуда на Реал остана без тие додатоци, и тоа се доживеа во таборот на играчот како „претерано скромно зголемување“ за фудбалерот кој минатата година беше втор во изборот за Златна топка и ја понесе признанието на ФИФА како најдобар играч на светот.
Наместо брзо потпишување, агентите Фред Пена и Тасило Соарес решија да „играат чекалница“ и внимателно да следат како ќе се развива претстојната сезона 2025/26.
Особено ќе ги следат плановите на новиот тренер Чаби Алонсо, кој според изворите блиски до клубот, дури разгледува различни варијанти во кои Винисиус не би бил неприкосновен стартер.
Таа дилема исплива на површина во јули, кога Алонсо сериозно размислуваше да го остави Бразилецот на клупата во полуфиналето на Светското клупско првенство против Парис Сен Жермен.
Фото: Принтскрин