Дома Фудбал Винисиус го пофали Алонсо и ја откри разликата во однос на Анчелоти

Винисиус го пофали Алонсо и ја откри разликата во однос на Анчелоти

Фудбалерите на Реал Мадрид рутински ја завршија работата во групната фаза на Клупското светско првенство, а новиот тренер Чаби Алонсо ја пофали играта на Винисијус Жуниор. И Бразилецот е задоволен од новиот тренер.

Мадридистите во 3. коло од групата Г убедливо го совладаа Салцбург (3:0) и го освоија првото место со седум бода пред саудискиот Ал Хилал со пет.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По натпреварот Чаби Алонсо ја истакна забележителната улога на 24-годишниот Бразилец, кој постигна гол и имаше асистенција.

„Винисијус играше одлично. Не зборувам само за неговиот гол и асистенцијата, туку и за неговата посветеност во одбраната, како се вклучи во борбата. Тоа ни овозможи да играме добро, а во нападот имаше повеќе слобода. Добро продираше во отворените простори и соработуваше со Гонзало Гарсија, кој дополнително ги мачеше централните дефанзивци„, рече тренерот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Меси ги убедуваше засилувањата за Барселона: Среде игра му пристапи и праша кога доаѓа

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Паулињо, сподели како започнал да сонува з…