Дома Фудбал „Винисиус беше метар и пол во офсајд, ВАР мораше да реагира“

„Винисиус беше метар и пол во офсајд, ВАР мораше да реагира“

Реал Мадрид првпат оваа сезона успеа да го победи Атлетико Мадрид и тоа во осминафиналето на Лигата на Шампионите со резултат 2:1, стекнувајќи предност пред реваншот.

Победата на Кралевите ја донесе Брахим Диаз со голот во 55-тата минута од натпреварот, а токму победничкиот погодок предизвика многу прашина и многумина сметаат дека голот требаше да биде поништен или барем проверен преку ВАР технологијата.

Диаз не е спорен бидејќи шутна од врвот на петерката и добро погоди, но проблематична е позицијата на Винисиус Жуниор, кој беше во очигледен офсајд.

Не ја допре топката ниту влијаеше на противничките играчи, но го попречуваше Јан Облак, кој можеби поради него не можеше јасно да ја види патеката на топката.

“Станува збор за позиционен офсајд. Винисиус е во офсајд на метар и пол од Облак. Голманот на Атлетико не можеше да го види потегот на Диаз, за тоа немам никакви сомнежи. Меѓутоа, во оваа ситуација не е виновен судијата, туку проблемот е што ВАР не го предупреди”, изјави судискиот аналитичар Павел Фернандез.

Реванш натпреварот е закажан за следната недела на стадионот Ванда Метрополитано во Мадрид, кога Атлетико ќе брка гол заостанување од синоќешниот натпревар на стадионот Сантјаго Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ промашуваше, Ливерпул победи

На гостувањето против ПСЖ, Ливерпул оствари важен триумф, Баерн Минхен е на чекор до четвр…