Кристијано Роналдо зборуваше за многу теми, вклучувајќи ги и неговите поранешни клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а исто така се осврна и на своите игри во Ал-Наср, и ги спореди со француската лига.
„Саудиската лига е подобра од Лига 1 (француската лига), секако. Обидете се да трчате на 38, 39, 40 степени и ќе видите. Франција го има само Пари Сен Жермен. Останатите се готови”, рече Португалецот, и истакна дека Винисиус Жуниор го смета за најдобриот играч на светот. Откако Винисиус ја доби таа награда, според форумот „Глоуб Сокер“, му се заблагодари на Роналдо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ако Кристијано вели дека сум најдобриот фудбалер на светот, тогаш верувам дека е така. Ми е чест и задоволство да бидам овде со Роналдо и Нејмар, двајца од моите најголеми фудбалски идоли”, рече Винисиус.