Дома Фудбал Вини се огласи еден час по натпреварот: Разочараност од инцидентот и молк на надлежните

Вини се огласи еден час по натпреварот: Разочараност од инцидентот и молк на надлежните

ВИНИСИУС ЖУНИОР се огласи едниот час по натпреварот каде што постигна гол за триумф од 1:0 на Реал против Бенфика во нокаут рундата од Лига на шампионите, но и пријави расистички навреди на стадионот Да Луз. Бразилскиот фудбалер на Инстаграм објави изјава во која жестоко ги нападна одговорните. Да се потсетиме, Винисиус се пожали пред судијата Франсоа Летексиер дека играчот на Бенфика, Аргентинецот Џанлука Престијани, го навредил на расистичка основа.

Како што пренесе Фабрицио Романо, Винисиус му пристапил на судијата и му рекол: “Престијани ме нарече мајмун додека си ги покриваше устата!”. На видеото се гледа како Престијани си ја покрива устата со дресот додека се објаснува со Винисиус, со што не може со сигурност да се утврди што точно рекол, а судијата немаше доказ за да потврди дека Винисиус е во право, па Аргентинецот избегна казна. Таа ситуација можете да ја видите ОВДЕ.

Остра порака до расистите и критика на институциите

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Расистите, пред сѐ, се кукавици. Мора да си ги покриваат устата со дрес за да покажат колку се слаби”, напиша напаѓачот на Реал Мадрид, директно алудирајќи на снимките каде што Престијани се гледаше како си ги покрива устата пред да тргне кон судијата.

Но, Винисиус не го прозва само играчот на Бенфика. Тој исто така го доведе во прашање и однесувањето на оние кои, според него, треба да преземат акции, а тоа не го прават.

“Имаат заштита од оние кои, теоретски, треба да казнуваат”, истакна Бразилецот, нафрлајќи критика на УЕФА и судиската организација од таа вечер. Тој призна дека антирасистичкиот протокол активиран од Летексиер не ја исполни својата цел: “Само лошо имплементиран протокол кој не послужи на ништо”.

Фудбалерот се осврна и на жолтиот картон што го доби поради прославата на голот.

“Жолт картон добив затоа што го прославив голот. Сѐ уште не можам да сфатам зошто”, се изрази Винисиус јасно потенцирајќи дека не бара внимание.

“Не сакам да бидам дел од вакви ситуации, особено по голема победа кога насловите треба да се околу Реал Мадрид, но ова е неопходно”.

Ова не е првпат Винисиус да биде во ваква ситуација. Бразилската ѕвезда повеќепати се жалила на расистички навреди за време на натпревари, што често резултирало со конфликти на теренот и навреди од противничките навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе до играчот кој го навредуваше Винисиус: Ти си проклет расист

Реал Мадрид оствари победа над Бенфика со 1:0 на гостувањето во Лисабон, во првата натпрев…