Долго време поранешниот шведски тенисер, а сега аналитичар, Матс Виландер беше етикетиран како еден од луѓето кои не го почитувале доволно Новак Ѓоковиќ.
Меѓутоа, како што поминуваше времето, а Србинот редеше успеси и несомнено стана најдобриот тенисер на сите времиња, Виландер го промени својот став и застана на страната на Ѓоковиќ.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓
„Новак ги поместува границите играјќи на високо ниво на 37 години. Кога го гледам, се присетувам дека освои три гренд слем во 2023. Еден од најсреќните денови во мојата кариера како тениски аналитичар беше кога Новак го освои 24. гренд слем трофеј. Тоа го зацврсти како најголемиот на сите времиња. Сега дебатата се премести на тоа колку уште може да освои,” рече Виландер и нѐ воодушеви.
Убеден е Виландер дека Ѓоковиќ ќе се врати по повредата и ќе биде опасен на преостанатите три гренд слем турнири годинава, особено на Вимблдон.
„Сигурно ќе се врати. Ќе игра веројатно 10-11 турнири. Игра одлично и би бил многу изненаден ако не биде закана на останатите гренд слем турнири, особено на Вимблдон,” рече Виландер
.