Дома Фудбал (Видео) Шпанците тврдат: Судииите го спасија Реал од шокантен пораз

(Видео) Шпанците тврдат: Судииите го спасија Реал од шокантен пораз

Реал Мадрид одигра 2:2 против Елче во 13. коло на Ла Лига. Гостите од Мадрид во текот на целиот натпревар беа во заостанување против многу добро подготвениот тим на Елче, но во 87-та минута успеаја да спасат барем еден бод, што им ја осигура позицијата на врвот на табелата. Тој бод е само утеха која не може да прикрие дека Реал минува низ тежок период, што го потврдуваат и трите натпревари без победа. Накратко, кризата тропа на вратата на големиот клуб, пишува Мундо Депортиво.

Тренерот Чаби Алонсо, свесен дека сите погледи се вперени во него, одлучи да истрае во своите идеи. Неговата тактика во Елче беше да игра со тројца стопери, имајќи двојца одлични бекови и да го задуши средниот ред, и покрај отсутностите во тимот на Реал. Го постави почетниот состав без Винициус и Валверде, а за организатор на играта го постави Себаљос. Бекови беа Трент и Фран Гарсија, додека покрај Мбапе, го одбра Родриго.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, во 87-та минута Џуд Белингем постигна гол за изедначување. Елче протестираше поради наводен фаул на Винициус над голманот Пена пред тој гол, но судијата по проверка на ВАР го призна голот. Во завршните минути, двете екипи имаа шанси за победа, а Елче остана со десет играчи откако Част беше исклучен во 96-тата минута поради втор жолт картон.

Судијaта Франциско Хернандез, кој го водеше натпреварот, наиде на жестока критика од страна на навивачите, стручњаците и медиумите, пред сè поради веќе видениот образец на слични контроверзии во негово судење претходните натпревари. Критиките не се однесуваат само на неговата проценка на изведените ситуации, туку и на целокупната перцепција дека судиската комисија ги фаворизира големите клубови како Реал.

Прво Реал во 78-та минута преку Хујсен стигна до изедначување, но на многу контроверзен начин. Шпанските медиуми наведуваат дека пред самиот гол Белингем со рака асистирал до младиот Шпанец, но и покрај присуството на ВАР, голот беше признат. Елче повторно до второто водство стигна во 84-та минута преку Родригез, а во 87-та минута нова сомнителна ситуација.

По една гужва во шеснаесетникот на Елче, Винициус направи очигледен фаул со оглед на тоа што му го расплачи носот на голманот на домашната екипа Ињаки Пена, по што Белингем изедначи. Треба да се додаде дека ВАР повторно не реагираше. Исто така, важно е да се напомене дека и шпанската Марка, неофицијалниот гласник на Реал, по натпреварот призна дека станува збор за чист фаул над Пена при вториот гол на Кралскиот клуб.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот голман на Партизан и шампион на Србија е тешко болен

Поранeшниот голман на Партизан Дарко Божовиќ води битка против тешка болест. На Дарко му е…