Дома Фудбал Видео: Шоу на Барселона на тренинг стадион при победата над Валенсија со шест гола

Видео: Шоу на Барселона на тренинг стадион при победата над Валенсија со шест гола

Во последниот натпревар од четвртото коло на шпанската Ла Лига, актуелните шампиони, фудбалерите на Барселона, како домаќини ја совладаа екипата на Валенсија со убедливи 6:0. Со оваа победа Барселона ја запиша третата победа во сезоната и се наоѓа на второто место на табелата, со два бода помалку од мадридски Реал.

Во првото полувреме, Валенсија успеа да се држи и примен само еден гол, кој го постигна Фермин Лопез во 29-та минута. Во второто полувреме Барселона постигна уште пет гола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фермин Лопез, Рафиња и Левандовски одлично ја искористија можноста, при што секој од нив успеа да постигне по два гола, што доведе до лесна и убедлива победа на Барселона. Сите голови може да ги погледнете ТУКА.

Барселона го одигра вечерниот натпревар на стадионот Јохан Кројф, клубскиот тренинг стадион, затоа што Spotify Camp Nou уште нема потребни дозволи и безбедносно-оперативни лиценци, а Монжуик беше недостапен поради концерт, па лигата одобри користење на помал стадион со капацитет од 6000 места, со привремени технички надградби како VAR и оптичка инфраструктура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона вчера ја гледале најмалку гледачи во последните 103 години!

Фудбалерите на Барселона триумфираа на својот домашен терен “Јохан Кројф” во р…