Дома Фудбал ВИДЕО Прекинато дербито во Франција. Гледач го погоди судијата во глава со паричка

ВИДЕО Прекинато дербито во Франција. Гледач го погоди судијата во глава со паричка

Сент – Етјен дома триумфираше против Лион со 2:1 во натпреварот од 30. коло на француската лига. Два гола за победата на домашниот тим постигна Стасен во 10-та и 67-та минута, додека почесниот гол за гостите го постигна Тесман во 76-та минута.

Погледнете ги головите ОВДЕ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Натпреварот беше одбележан со прекин на самиот крај на првото полувреме. Пред играчите да заминат на одмор, во 44-та минута некој од трибините го погоди помошниот судија со предмет во глава, најверојатно со паричка.

Потоа натпреварот беше прекинат, и главниот судија на натпреварот Франсоа Летексиер ги испрати екипите во соблекувалните додека не беше донесена одлука натпреварот да продолжи. Погледнете ја ситуацијата ОВДЕ.

Сент-Етјен остана на претпоследното, 17-то место на табелата, но со оваа победа изедначи се со Ле Авр, кој е на 16-то место, она што води во бараж за опстанок, и двата тима имаат 27 бодови по 30 кола. Лион по овој неуспех е шести со 51 бод, два помалку од четвртиот Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ го избра следниот клуб

Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека Баерн Минхен сери…