
Никола Јокиќ оствари трипл-дабл на почетокот на новата сезона, но неговата игра беше далеку од таа на лидерот што се очекува од овој тим.
Српскиот центар правеше пропусти низ целиот натпревар, што влијаеше и на неговата самодоверба.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Неговиот говор на телото особено се промени во продолжението кога сè уште се мачеше да го задржи тимот во играта. Кога промаши тројка на 33 секунди пред крајот на продолжението при шест поени предност за Голден Стејт, само се предаде.
Не продолжи ни да трча, ги спушти рамената додека Стеф Кари со полна брзина леташе кон кошот на противникот. На крајот Голден Стејт славеше со 137:131, а впечатокот на сите беше овој лош момент на Јокиќ за кој зборуваат Американците.
„Погледнете го говорот на телото и ставот на Јокиќ по тоа што промаши најважната тројка на натпреварот. Се откажа од својот тим“, беше коментарот покрај снимката што привлече огромно внимание.
.Погледнете го јазикот на телото и ставот на Јокиќ по промашувањето на најважната тројка на натпреварот, само се откажа од тимот. pic.twitter.com/TShRzsRGQD
— Follow HeavenlyBuckets (@Heavenlybuckets) October 24, 2025