Дома Фудбал ВИДЕО Педри, Јамал, Черки – Голови кои ги нарекоа „неверојатен“, „невиден“ и „најдобар“

ВИДЕО Педри, Јамал, Черки – Голови кои ги нарекоа „неверојатен“, „невиден“ и „најдобар“

Шпанија успеа да ја совлада Франција во полуфиналето на Лигата на нации со резултат 5:4 во занимлива средба во Штутгарт. Шпанците во финалниот меч ќе се соочат со Португалија. Единаесет минути пред крајот резултатот беше 5:1 во полза на Шпанија, но на крајот заврши со тесна победа. Првиот дел заврши со 2:0 за Шпанија, благодарение на брзите голови на Нико Вилијамс во 22-та минута и убавата завршница на Микел Мерино само три минути подоцна.

Спектакл што ќе се памети

Играта продолжи со пенал за Шпанија во 54-та минута, кој мајсторски го реализираше Јамал. Веќе во следната минута, Педри постигна уште еден гол за фантастични 4:0. Изгледаше дека Франција е без шанси, но тие не се предаваа. По добивање на пенал во 59-та минута, Мбапе намали дел од предноста на Шпанците. Јамал не го заврши своето шоу, постигнал уште еден гол за 5:1 во 67-та минута, оставајќи многумина да мислат дека Французите се веќе отпишани.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Раjан Черки својот прв настап за Франција го крунисува најубаво, забележувајќи импресивен гол од 20 метри во 78-та минута, намалувајќи го водството на 5:2. Шест минути потоа уследи автогол од Вивиен, враќајќи го францускиот тим во игра.

Французите не се откажаа и продолжија со притисок до крајот. Во третата минута од надополнувањето, Коло Муани, благодарение на феноменален пас од Черки, постигна четврти гол и донесе нова надеж за својот тим. Сепак, нивното враќање остана недоволно, мечот заврши 5:4, за пласман Шпанија во финалето.

Три прекрасни голови

Од вкупно деветете гола, три станаа вирални. Педри го постигна феноменалниот погодок за 4:0, кој “АС” го опишува како навистина вонреден, впечатлив и без преседан. Играта и завршницата добија пофалби дека се неверојатни. Исто така, Јамал постигна гол за 5:1, што истото списание го опишува како чудо, особено поради недостигот од простор за шут.

На крајот, голот на Черки што го вбројат за „гол на сезоната во Лигата на нации“, е прикажан како кандидат за нешто повеќе. Сите голови може да ги видите ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…