Дома Фудбал Видео: Навивачите воодушевени од гестот на Енрике за време на славјето на ПСЖ

Видео: Навивачите воодушевени од гестот на Енрике за време на славјето на ПСЖ

ПСЖ под водство на тренерот Луис Енрике оствари историски успех и за првпат ја освои титулата победник во Лигата на шампионите. Во финалето го совладаа миланскиот Интер со убедливи 5:0, што е најголемата разлика во резултат во историјата на ова финале.

ПСЖ исто така го освои и трократниот трофеј, што Енрике го постигна по вторпат во кариерата, девет години после истиот успех со Барселона кога до врвот на Европа ја одведе генерацијата што на теренот ја предводеа Лео Меси, Луис Суарез и Нејмар. Покрај неговите тактички идеи, шпанскиот тренер привлече внимание и со коректното однесување во текот на финалето.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


На интернет стана популарно видео коешто го прикажува Енрике како за време на славјето на играчите на ПСЖ со трофејот во раце, од платформата забележува разочарани играчи на „Неразурите“. Шпанецот веднаш се сврте кон нив и ги наградил со аплауз. За овој момент тој зборуваше во изјавите по финалето, иако видеото со неговиот гест стана познато неодамна на социјалните мрежи.

“Сакам да истакнам сцена што е навистина реткост да се види на крајот на финалето, кога се прима трофејот. Се восхитувам на Интер”, рече Енрике и додаде: “Сите играчи и целиот тим со почит останаа на теренот додека не го завршивме славјето.”

“И покрај поразот, тие одлучија да останат таму. Мислам дека тоа е одлична лекција за децата, во животот и во фудбалот победуваш и губиш. Треба да умееш и да губиш, на овој свет има луѓе кои знаат само да победуваат. Не! Треба да покажеш почит кон противникот дури и кога губиш, како што направи Интер. Им се заблагодарувам на тоа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кога Модриќ ќе потпише за Милан

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (39) треба следната недела, п…