
ЛИОНЕЛ МЕСИ, на 38-годишна возраст, успеа да постигне импресивни 900 гола во текот на својата кариера. Таков подвиг досега оствари само Кристијано Роналдо. Меси го достигна ова историско постигнување во 7-мата минута од реванш-натпреварот на Concacaf Champions Cup каде што неговиот тим, Мајами, се соочи со Насвил.
Меси ја прими топката со грб кон голот на околу 11 метри оддалеченост и иако беше окружен од тројца противници, успеа со левата нога да ја испрати во мрежата. До крајот на натпреварот, Насвил израмни на 1:1, со што го елиминира Мајами од “Лигата на шампиони на Северна и Централна Америка”. Но, главната тема на натпреварот беше неверојатниот подвиг на Меси.
MESSI’S 900TH GOAL OF HIS CAREER 🐐
— ESPN FC (@ESPNFC) March 18, 2026
(via @FOXSoccer)pic.twitter.com/F8ejTYn1n6
Како Меси стигна до 900 гола?
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Еве ги тимовите за кои Меси постигнуваше голови во неговата кариера:
Барселона – 778 настапи, 672 голови
ПСЖ – 75 настапи, 32 голови
Мајами – 93 настапи, 81 гол
Аргентина – 196 настапи, 115 голови