Дома Фудбал Видео: Леао се разбесни при излегувањето од игра, конфликт со Алегри

Видео: Леао се разбесни при излегувањето од игра, конфликт со Алегри

Лацио славеше со 1:0 против Милан во 29. коло од Серија А, каде што Густав Исаксен го постигна победничкиот гол во 27. минута од натпреварот. Овој дански напаѓач го постигна четвртиот погодок оваа сезона во Серија А, влегувајќи одлично во отворен простор и рутински реализирајќи го голот за водство од 1:0.

Милан се обидуваше да го изедначи резултатот, но не им одеше од рака, што создаде дополнителна нервоза кај играчите. Напнатоста кулминираше во 66. минута на натпреварот. Леао и Фофана беа заменети, а на нивни позиции влегоа Нкунку и Фулкруг. Леао беше видливо нервозен при замената, прво навлезе во расправија со Мањан, а потоа и со Алегри, па бесен замина кон клупата. Неговата нервоза продолжи до крајот на натпреварот, а ситуацијата можете да ја погледнете ТУКА.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Милан ја пропушти можноста да го искористи нерешениот резултат меѓу Интер и Аталанта во саботата и сега заостанува осум поени зад водечката екипа во лигата, додека Наполи, кој е на трето место, е на само еден бод разлика. Со оваа победа, Лацио се искачи на деветтото место, престигнувајќи го Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта победи на изборите и останува претседател на Барселона! (Видео)

Жоан Лапорта убедливо го порази единствениот противкандидат Виктор Фонт на претседателскит…