Дома Фудбал (Видео) Двапати одби да излезе од игра: Клубот му го раскина договорот

(Видео) Двапати одби да излезе од игра: Клубот му го раскина договорот

Коканд 1912 извојува победа против Кизилкум со 2:1 во 21. коло на узбекистанското фудбалско првенство. Натпреварот не би бил толку привлечен за гледачите доколку на него не се случеше чудна ситуација. Дилшод Комилов (26), дефанзивецот на Кизилкум, двапати одби да ги напушти теренот, поради што клубот неколку дена подоцна му го раскина договорот.

Тренерот Акмал Рустамов првпат се обиде да го замени во 57-та минута, а второто барање се случи во 60-та минута. Играчот кој го очекуваше заменувањето чекаше 20 минути покрај аут линијата и на крајот влезе на местото на друг соиграч.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Комилов го одигра натпреварот до крај, што го разлути тренерот Рустамов. Ова беше последниот натпревар на Комилов во Кизилкум, бидејќи по овој инцидент тој беше oтпуштен од тимот. Погледнете ја целата ситуација во прикачените снимки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…