Дома Фудбал ВИДЕО Аталанта му го нанесе најтежок домашен пораз на Јувентус во последните 60 години

ВИДЕО Аталанта му го нанесе најтежок домашен пораз на Јувентус во последните 60 години

ВО ПОСЛЕДНИОТ неделен натпревар од 28. коло на италијанската Серија А, Јувентус на свој терен беше поразен од Аталанта со резултат 0:4. Гостите до победата ги водеа со своите голови Матео Ретеги, Мартен де Рун, Давиде Запакоста и Адемола Лукман. По овој резултат, Аталанта му побегна на Јувентус со четири бодови разлика на табелата и е на третото место. Први на табелата сè уште се Интер со 61 бод, а на второто место, со бод помалку и два повеќе од Аталанта, е Наполи.

Првиот гол на натпреварот го постигна Ретеги во 29-та минута. Напаѓачот на гостинската екипа реализираше пенал и погоди во долниот десен агол на голманот на Јувентус. На 2:0 зголеми Де Рун на почетокот на второто полувреме, во 46-та минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


20 минути подоцна, на 3:0 зголеми Запакоста. Головите можете да ги погледнете ОВДЕ. Само 10 минути подоцна, предноста на четири разлика ја зголеми Лукман.

Последен пат, Старата дама во првенството загубила дома со четири гола разлика во октомври 1967 година, од градскиот ривал Торино со 0:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…